Се урна Балон кај Љубљана: Неколку повредени

t

Tројца белгиски и еден словенечки државјанин се повредени во денешната несреќа при слетување на балон во Љубљанското мочуриште. Засега не е позната причината за несреќата.

Според првичните инфомации, околу 10 часот при слетувањето на балонот дувал силен ветер, поради што четворицата испаднале од корпата на балонот. Вториот балон слетал без проблем.

-Планот беше да се направи едночасовен лет од околината на Бистра до Барје. Тогаш се случи несреќа во областа Иг околу десет часот кога балонот слета. Меѓу повредените е 55-годишен пилот и патници на возраст од 28 и 54 години, сите белгиски државјани и еден 67-годишен словенечки државјанин, помошен пилот.

Од Центарот за балони во Барје велат дека екипажите на двата балони биле предупредени дека има ветер

Сите повредени од местото на несреќата се пренесени во клиничкиот центар, а според досега прибраните сознанија, нивните животи не се во животна опасност, изјави Томаж Томажевиќ од СВР Љубљана.

УКЦ Љубљана преку Твитер објави дека тројца од повредените се потешко, а еден полесно.

Тешка несреќа со балон се случи во Словенија во 2012 година кога се запалил балонот. Во несреќата загинаа шест лица. Балонот полетал и покрај прогнозите за нестабилно време и бура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Големи поплави во Словенија: Штетата се проценува…

Силни поплави ги погодија северниот и североисточниот…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Човек загина по удар од воз кај…

На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…

СТРАШНО: Нови снимки од невремето во Љубљана

Големо невреме вчера ја зафати Љубљана, а…

Музиката од култната југословенска серија ечеше на…

Музиката од култната југословенска серија „Отпишани“ ечеше…