Објавено на:

Се урна мал авион во австриските Алпи

t

Авион со шест седишта, од непознати причини се урна во австриските Алпи, на многу непристапен терен во планинскиот регион во близина на Бранднертал, во западна Австрија. Лесното летало било на пат од Италија кога одеднаш се урнало.

Екипите за планинско пребарување и спасување го пребаруваат регионот откако градоначалникот Клаус Бичи околу 10 часот ги алармирал сите итни служби.

Во тек е итна потрага по преживеани, но остатоците од авионот сè уште не се пронајдени. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат околу 100 членови на итните служби, вклучувајќи ја планинската спасителна служба, пожарникари и полицијата во близина на местото на несреќата за кое се верува дека се наоѓа во областа Долниот Бригела.

Поради густата магла, потрагата со хеликоптер засега е невозможна, соопшти Итната служба.

Сè уште не е познато колку патници имало во авионот кој е во приватна сопственост.

Авионот, наводно, е двомоторен модел Бичкрафт Барон 58 од 1978 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авион полн со патници нагло се спуштил…

Пет лица се повредени откако патнички авион…

Аларм за бомба врати „Боинг“ назад во…

Патнички авион на лет од САД кон…

(Видео) Патник го снимил моментот кога авионот…

На социјалните мрежи се појави нова снимка…

Вонредно слетување на авион: Патник гризна член…

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ беше принудена да го…

(Видео) Авион се излизга од пистата во…

Авион со 132 патници на аеродромот во…