Објавено на:

Се урна мост во Дрезден, граѓаните слушнале силна експлозија

t

Голем дел од мостот „Карола“ на Елба во Дрезден, кој го поврзува стариот град со другите делови, во текот на ноќта се урнал во реката, соопшти противпожарната служба.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека се урнале стотина метри од мостот, а поради оштетување на цевките, прекинато е снабдувањето со топлинска енергија во градот.

„Засега нема информации за повредени. Тоа значи дека на мостот во моментот на уривањето немало возила“, изјави портпаролот.

Пожарникарите од утрово се на терен и се обидуваат да го обезбедат мостот, кој може да претрпи дополнителна штета. Граѓаните пријавиле дека слушнале силна експлозија.

Мостот „Карола“ е изграден 1971 година и е еден од вкупно четирите моста на Елба во Дрезден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…

Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…