Се урна противпожарен хеликоптер во Аргентина, загинаа седум лица
Седум лица загинаа при пад на противпожарен хеликоптер во аргентинската покраина Сан Хуан, соопштија локалните власти.
Хеликоптерот „Бел 412“ учествувал во гаснењето на шумски пожар во националниот парк Ишигуаласто, заштитено подрачје на западот од земјата, на околу 1.200 километри од Буенос Аирес.
Меѓу загинатите има пожарникари, полицајци, припадници на цивилната заштита, како и четворица високи функционери на покраинската власт. Загинале заменик-началникот на полицијата Марсело Видела, началникот на покраинската противпожарна служба Рубен Кастро, директорот на цивилната заштита Карлос Ередија и заменик-началникот на противпожарната служба Хорхе Карбахал.
Според информациите, леталото било на пат кон соседната покраина Ла Риоха, каде што требало да се приклучи во гаснењето на друг шумски пожар.
Причината за несреќата засега не е позната и е предмет на истрага.
Спасувачките екипи веднаш биле испратени на местото на несреќата, кое локалните медиуми го опишуваат како оддалечено и тешко пристапно подрачје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…
Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…
ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…
Лидерите на Европската Унија и на НАТО…
Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…
Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…
Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…
(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…
Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…