Објавено на:

Се урна руски хеликоптер, загинаа сите четири лица од екипажот

t

Хеликоптер Ми-2 се урна вчера во централниот руски регион Киров, при што загинаа сите четири патници, соопштија претставници на руското Министерството за вонредни ситуации, јавуваат светските агенции.

Хеликоптерот, управуван од еден пилот, во кој имало лекар и двајца болничари, се урнал во шума во близина на селото Белеенки, на околу 700 километри источно од Москва, се наведува во соопштението на Министерството.

Спасувачите прво пронашле три тела на местото на несреќата, но подоцна го лоцирале и четвртото, соопшти Министерството.

Властите се уште не ги соопштиле причините за несреќата.

„Ми-2“ е мал хеликоптер со советски дизајн кој се користи за различни намени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…

Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…