Се финализираат измените на Изборниот законик
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа единаесетта седница на која беа разгледани преостанатите отворени прашања и предлози за измени и дополнувања на Изборниот законик, во насока на исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР .
Членовите на Работната група разменија мислења по доставените предлози од политичките партии , при што беше констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен на консензус.
Политичките партии во текот на утрешниот ден по електронски пат треба да се произјаснат за одредени предлози по што се очекува да се подготви законското решение кое ќе произлегува од усогласените решенија и ќе се достави во понатамошна процедура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнуваат Светите маченици Сергиј и…
Овие Свети и прекрасни маченици за верата…
Метео: Денес стабилно, од утре дожд
Претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен…
Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…
Една година и седум месеци затвор е…
ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…
Полициски час во делови од Париз и…
По протестите и немирите, властите во Париз…