Објавено на:

Се шегувавме дека ќе влезат пред нас ама… Претседателката на ЕП се надева дека Украина ќе започне преговори за ЕУ оваа година

t

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола се надева дека преговорите за членство на Украина во Европската унија ќе започнат оваа година.

Ова го изјави европскиот функционер на новинарите во Лавов. Таа изјави за напредокот што го постигна Украина во однос на препораките на Европската комисија, пренесе Укринформ.

„Кога велиме дека Украина е Европа, а Европа е Украина, тоа значи дека преговорите за пристап треба да започнат што е можно поскоро. И тоа значи, се надевам, веќе оваа година“, рече Мецола.

Според Мецола, таа е импресионирана од „напредокот што го постигна Украина во однос на препораките на Европската комисија“.

ЕУ, исто така, треба да одговара на брзината на овој напредок, рече таа.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Лавов се сретна со Роберта Мецола. Украина има за цел да го заврши спроведувањето на препораките на Европската комисија што е можно поскоро и да ги започне преговорите за влез во ЕУ веќе оваа година, рече Зеленски.

Минатата година 27 земји-членки на ЕУ одлучија да и дадат на Украина статус на кандидат за влез во блокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…

Во рудниците за бакар се потребни нови…

Мерц откри кој би можеч да ја…

Пет земји би можеле да ја претставуваат…

Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…

Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…

Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…

Средба на претставници на САД, Русија, Украина…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…