Се шири ли фронтот против корупцијата? Најавен протест против измените во кривичниот законик

t

Најавен протест против измените во кривичниот законик од страна на студентите на правен.

Интересно е тоа што протестот се поклопува во времето и местото со претходно најавениот протест за скандалот со Онкологија, пред влада во понеделинк во 18 часот.

Ви го пренесуваме соопштението за протестот против измените во КЗ во целост:

Почитувани,
Како студенти кои се запишале на правните факултети во Македонија, не можеме да останеме рамнодушни на постојаната тенденција и постапки кои водат до целосно упропастување на правниот систем.
На Македонија и е потребна нова, некорумпирана генерација правници. Но страв ни е дека додека ние, како актуелни студенти, стасаме до позиции на правораздавачи – правдата ќе стане мисловна именка.
Чашата ја прелија новите брзи, нетранспарентни измени на Кривичниот законик. Затоа не можеме да бидеме тивки како студенти кои решиле да останат во Македонија и да се борат за правда во оваа држава.
Затоа ги повикуваме сите студенти, професори, граѓани да се приклучат на протест во понеделник во 18:00 часот пред Влада!
Доста е од злоупотреба на европското знаме, затоа бараме и сметаме дека е нужно некој конечно да одговара за ваквите фалсификувања.
Доста е од користење и урнисување на правото и законите за лични, политички интереси! Бараме правдата да ги стигне сите оние кои допринеле до огромната недоверба во правниот систем.

Евентот на протестот е на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Давеник и за сламка се фаќа… Откако…

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кого…

Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…

Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…