СЕ ШИРИ МАЛИГНО РУСКО ВЛИЈАНИЕ: Нацрт-закон за Западен Балкан во американскиот Сенат
Во американскиот Сенат беше презентиран нацрт-законот за демократија и развој на Западен Балкан, чија цел е да се поддржи економскиот развој на регионот преку иницијативи за инфраструктура, трговија и борба против корупцијата, вклучувајќи го и дефинирањето на санкциите за „одвраќање на дестабилизирачките активности на Западен Балкан“.
Нацрт-законот за демократија и просперитет на Западен Балкан го претстави сенаторката Џин Шахин, која неодамна ја предводеше конгресната делегација со сенаторите Крис Марфи и Том Тилис во посета на Балканот, заедно со републиканскиот сенатор Роџер Викер. Тие се и предлагачи на нацрт-законот.
– По неиспровоцираната војна на Русија во Украина и јасните амбиции на Путин да шири малигно влијание низ Источна Европа, односот на САД со Западен Балкан е од клучно значење. Затоа сум горда што презентирама нов, двопартиски закон кој ја зајакнува трговијата и инвестициите меѓу САД и Западен Балкан, истовремено ја искоренува локалната корупција и ги дефинира санкциите против дестабилизирачките актери, што го отвора патот за поголема евроатлантска интеграција – истакна Шахин.
Со нацрт-законот се покренува антикорупциска иницијатива, која му наложува на државниот секретар Ентони Блинкен да обезбеди техничка помош за секоја земја од Западен Балкан во развојот на националната антикорупциска стратегија.
Исто така, се поттикнуваат универзитетски партнерства, ангажман на Мировниот корпус во регионот, создавање на балканска иницијатива на млади лидери и се бара од Американската развојна финансиска корпорација да отвори претходно најавена канцеларија во регионот.
Сенаторот Марфи оцени дека одржувањето на мирот на Балканот е од клучно значење за европската безбедност. Тој нагласи дека овој закон ќе ги зајакне врските меѓу САД и Балканот, ќе ги прошири економските можности и ќе ги поддржи напорите за унапредување на демократијата, како и за искоренување на корупцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема ескалација: Украински беспилотни летала за прв…
Извештаите за активност на беспилотни летала и…
Учество на министерот Муцунски на министерски состанок…
На покана на грчкиот министер за надворешни…
Фиат Панда си оди од Србија?
Александар Вучиќ изјави дека постои можност Стелантис…
Шестмина лишени од слобода при акциска контрола…
Лишени од слобода се шест лица, евидентирани…
ДЗС повторно ги активираше тимовите во потрагата…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) повторно…