Објавено на:

„Се што имам направено за Македонија ми дава за право да сум облечен како сакам, а вчера не беше модна ревија…“

t

Антиќ во разговор за ММС.мк вели дека не сака никому да се правда, потенцирајќи дека воопшто не погрешил појавувајќи се во подарена опрема од свој поранешен клуб за кој никогаш не криел дека навива, а вчера боите на тој клуб се совпаднаа со македонските бои кои се прославуваа.

„Вчера не беше модна ревија, туку убав спортски настан. Можев и у дуксер со Меси да дојдам! Имам таков и плав дуксер. Тоа ми е опрема дадена од последната сезона кога играв. Не сум отишол да купам. Ма не се правдам и не сакам ова да изгледа дека се правдам. Секој може да облече што сака, секако и јас. Може и гол да оди, отворен ум, нели сме 21 век. А сите си навиваат за свој клуб. Јас сум кажал и пак ќе кажам дека навивам за Црвена Ѕвезда, Олимпијакос и Фенербахче и тоа ќе остане така. Јас сум нивен фан, јас тоа не го кријам. Но, секако дека Македонија ми е под број еден. И се што јас имам направено за Македонија ми дава за право да бидам облечен како сакам. Македонија ја претставував во најдобро светло низ цел свет. За мене една е Македонија, едно е знамето и една е химната и тоа никогаш нема да се смени. Затоа до злобнициве немам порака, само сакам да им честитам среќна Нова Година, да имаат здравје и малку да се опуштат. Да престанат да бидат негативни, бидејќи има многу поважни работи за кои треба да се коментираат,а не кој како е облечен. Јас Македонија си ја сакам, тоа сите го знаат, затоа за нив само- се најубаво“ – вели Антиќ за ММС и дополнува:

„Јас не сум ниту мамин ниту татин син и сите пари што сум ги заработил во животот сум ги донел во Македонија, не се во странство. Ќе јадам што сакам зашто тие се мои пари, ниту сум бил на државна цицка, ниту ми ги дале мама и тато . Напротив цел живот сум помагал и ќе помагам. Јас цела кариера помагам и на сите тоа треба да им е во срце, душа и во глава, да помогнат на тие што им треба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

ДУИ: Да одиме на избори

„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…

ДОАЃА “ДЕНОТ Д“ ЗА ИРАН: Трамп му…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

Гардијан: Румен Радев се позиционира за нов…

Бугарскиот премиер Румен Радев со своите први…

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…