Се јавија Грците: Не се плашиме од турските закани

t

Тактиката на закани и провокации во кои се препушта Турција е апсолутен ќор-сокак, бидејќи Грција ниту се застрашува ниту се плаши, вели портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому.

Иконому истакнува дека грчката Влада постапува исклучиво имајќи ги предвид меѓународното право и националните интереси и додава дека „би било корисно турските власти да го земат предвид ќор-сокакот и да не продолжат по истиот пат во новата година”.

Писмената изјава на портпаролот на грчката Влада доаѓа откако шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара нема да дозволи Грција да ги прошири границите на нејзините територијални води во Егејското Море, додавајќи дека одлуката на турскиот Парламент од 1995 година за ова прашање сè уште е на сила.

Во 1995 година, турскиот парламент усвои резолуција со која го карактеризираше грчкото проширување на постојните граници во басенот на Егејското Море како casus belli (причина за војна)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…

Протести и во Грција: Ученици, студенти и…

Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…