Се јави Демерџиев: Ние го почитуваме македонскиот народ и држава

t

Иван Демерџиев, министерот за внатрешни работи на Бугарија и вицепремиер беше на чело на бугарската делегација која положи цвеќе пред гроб от на Гоце Делчев во црквата Св. Спас на чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер. Под полициска придружба во секој момент се очекува да пристигнат и бугарските граѓани.

„Денеска овие мерки за сигурност се неопходни, а сигурност значи, сите што сакаат да искажат почит за Гоце Делче тоа слободно да можат да го сторат“, изјави министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев откако положи цвеќе на гробот на великанот заедно со претставници на бугарската влада.

Тој кажа дека имало бугарски граѓани кои биле спречени на границата да влезат во Македонија и рече дека треба да се даде можност на сите да дадат почит.
„Нема причина за провокации. Ние треба да одиме напред, а тоа е обединета Европа, тоа налага стабилност. Ние сме должни да изградиме сигурност и стабилност меѓу народите на двете држави. Ние не дојдовме овде да правиме провокации, туку да покажеме почит. Ние сме соседи и добрососедството треба да продолжи“, рече Демерџиев.
Тој додаде дека очекува секој бугарски граѓанин да стаса овде, да положи цвеќе и притоа да биде безбеден.

Прашан за тоа, дали изјавите дека Македонија е бугарска држава се во насока на добрососедски односи, министерот одговори дека Република Бугарија била првата која ја признала Република Македонија.

„Ние го почитуваме македонскиот народ и држава“, потенцира Демерџиев.

На граничните премини со Бугарија од утрово неколку часа не работеше компјутерскиот систем. Бугарските државјани неколку часа чекаа на граничните премини, а по неколку часа системот профункционира по што им беше дозволен влезот во Македонија.

Ова предизвика тензии и расправии на граничниот премин Деве Баир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две златни медали за Македонија: Нов успех…

Две златни медали за Македонија! Ова не…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години…

Побеле Хрватска: Во Горски Котар моментално врне…

Во Горски Котар утрово паѓа снег, камерите…