Се јави и бугарскиот цар за македонското прашање

t

Поранешниот бугарски премиер Симеон Сакскобурготски, наследник на царската лоза на некогашата бугарска монархија, го поддржува пристапот на сегашниот претседател на Владата, Кирил Петков, во однос на евроинтеграцијата на Македонија, барајќи прагматизам, а не црвени линии.

„Се сеќавам дека д-р Жељу Желев, вечна му слава, беше првиот што ја призна Република Македонија тогаш. Значи, веќе имаме многу позитивен преседан. Сега, во ваков момент за Европа, навистина е многу важно да им дадеме потстрек на тие две држави (Македонија и Албанија – н.з.). Така што мора да се покаже прагматичност“, изјави последниот бугарски цар, кој владеел од 1943 до 1946 година како Симеон Втори, во интервју за весникот „24 часа“.

„Мислам дека, како и секој проблем, и за овој има решение. Доволно е да се покаже добра волја. И најмногу – да нема толку категорични црвени линии. И мирно, со упорност, но да ги придвижиме работите напред. Затоа што веќе има луѓе кои може погрешно да ги разберат во странство. А нас Бугарите нè претставуваат како да сакаме да употребиме извесен притисок со нашата позиција во однос на можностите на двете наведени држави да влезат во ЕУ. Тоа не е најдобрата реклама за Бугарија или за мислењето што го имаат за нас во Брисел. И тоа мораме да го земеме предвид“, додава тој.

„Колку до историјата и сè… Бог знае дека јас, како цар, зборувам со едно извесно право и искуство, зошто сум запознаен многу добро со нашата историја“, нагласува екс-премиерот на Бугарија, кој со владата раководеше од 2001 до 2005 година.

„Мислам дека на крајот ќе се најде решение зошто за Македонија и за Албанија е клучно да влезат во ЕУ. Имаат желба и се држат до неа“, дополнува синот на Цар Борис Трети. „Мислам дека засегнатите страни треба да најдат начин за да се сообразат со моментите што ги делат, но истовремено да видат дека ако секој цврсто и бескомпромисно опстојува на својата позиција, не може да се напредува во преговорите“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…