Се јави и Османи: Отварањето на бугарскиот клуб во Охрид е провокација на штета на Бугарите

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид е провокација која ѝ оди на штета на бугарската заедница во државава.

„Правото на здружување е неприкосновено, но името не е во согласност со втората точка од Конвенцијата за заштита на малцинства, тоа да се прави во духот на дијалог и пријателство, бидејќи ова име ниту помага во пријателството, туку напротив е основа за раздор и нетрпеливост. Оттука сметам дека е провокација. Ова оди на штета на интересите на бугарската заедница во државава и тоа во момент кога таа заедница добива можност повеќе да се здружува, да ја изразува својата посебност и преку Протоколот и обврските од Протоколот и дебатата за промена на Уставот. Кој тоа им го руши имиџот и овде пред граѓаните и пред меѓународната заедница преку имиња кои што се широко прифатени како спротивни на вредностите кои ги споделуваме, не можам да кажам“, рече Османи на денешниот редовен брифинг со новинарите.

За изјавите на бугарскиот министер за надворешни работи во однос на отворањето на клубот во Охрид, Османи рече дека тоа е недозволиво мешање во внатрешните работи на Република Македонија.

Османи кажа дека се надевал дека тоа ќе му го каже во Прага но поради сплет на околности не се виделе, а ставот, најави дека ќе му го пренесе на претстојната средба во Берлин на 21 октомври.

Османи во однос на превенирање на регистрирарањето вакви здруженија со имиња кои провоцираат, вели дека МНР нема никаква надлежност туку дека тоа е во доменот на Министерството за правда кое веќе има формирано советодавно тело кое ќе ги разгледува имињата на клубови и здруженија кои ќе се регистрираат во земјава, а што е времено решение додека не се направат измени на Законот за здруженија. Тој посочи дека ова е чувствително прашање и укажа на искуството со здружението „Ратко’ кое пред повеќе години беше забрането, а судот во Стразбур ја поништи одлуката на нашиот Суд дека без основа било забрането тоа име на организацијата.

„Затоа мора да бидеме внимателни тука и во рамки на нашите закони, и во меѓународните правила, но во Владата се отвора дебата во однос на ова прашање. Јас мислам дека навистина треба да се разговара и со граѓаните со бугарско етничко потекло во Република Македонија што е целта на изборот на таквите имиња, бидејќи ќе повторам, тоа е, пред сѐ, на штета на бугарката заедница“, истакна Османи.

Тој изјави дека од бугарското МНР досега нема никакви реакции за случувањата во Охрид. МНР не добило покана за присутво на отворањето на клубот во Охрид, а и да добиеле немало да присуствуваат, вели Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…