Се јави и Трифонов: Што е до мене веднаш би го вратил ветото за Македонија
Претседателот на бугарската партија „Има таков народ“, Слави Трифонов не отстапува од идејата за воведување ново вето за интеграција на Македонија во ЕУ. Во интервју за БНР за претстојните парламентарни избори во Бугарија тој коментираше и за, како што беше најавено, прашањето „Македонија“.
– Луѓето се убедија дека таканаречените Македонци дејствуваат само кога се притиснати до ѕид. Инаку, гледате што прават. Тоа е многу тажно, изјави Трифонов.
На прашањето дали Бугарија има механизам да ги притисне до ѕид, тој вели дека ако зависи од него, ќе направи сѐ што е можно да ги притисне и додаде дека треба „задолжително вето…задолжително за нивниот влез во ЕУ“.
На дилемата што ако од Брисел не се согласат со вето, тој одговара дека пред ЕУ е бугарскиот народ и татковината, а Македонците се дел од тој народ и таа историја и потсетува дека Има таков народе и претходно гласаше против укинување на ветото.
Трифонов најави дека на изборите ќе учествува како носител на листа, но за ништо на светот не би станал министер.
Инаку, Трифонов и неговата партија на последните избори не успеаја да го преминат изборниот праг и не влегоа во бугарското Народно собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија оди во втор круг: Јотова и…
Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…
Борисов за ниската излезеност: Луѓето не гледаат…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гласаше во…
Рекордно ниска излезност во Бугарија: Само 15…
Претседателските избори во Бугарија се одвиваат со…
Радев прогнозира дека мафијашките убиства низ Бугарија…
Бугарскиот премиер Румен Радев смета дека убиствата…
Само 265 лица од Македонија со бугарски…
Многу слаб интерес владее во Македонија за…