Се јави и Џафери: Посетата на Фон дер Лајен на земјава е исклучително поволен знак на заедништвото и поддршката од ЕУ

t

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на земјава е исклучително поволен знак на заедништвото и поддршката од Европската Унија и потврда за оправданоста на нашата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија, смета претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Како што велат од собраниската прес-служба, Џафери присуствуваше на заедничката вечера што ја приреди претседателот Стево Пендаровски во чест на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и на која присуствуваше државниот врв и шефот на Мисијата на ЕУ во Скопје Дејвид Гир.

– Џафери изрази задоволство за нејзиното доаѓање токму во овој период кога целиот регион се соочува со влијанијата од актуелната енергетска криза, особено имајќи предвид дека нејзиното доаѓање е во насока на претставување на дополнителната поддршка што Европската Унија ќе и ја даде на Република Македонија и на регионот, стои во соопштението.

Секако дека потпишувањето на Договорот со Фронтекс и на македонски јазик е потврда за тоа што претседателот Џафери го истакна при претходната средба со претседателката фон дер Лајен во јули оваа година, дека „Македонскиот јазик ќе биде регистриран без фусноти, и дека времето ќе покаже дека била донесена вистинската одлука“, се вели во соопштението.

Претседателката Урсула фон дер Лајен, како што се наведува, истакна дека ѝ е драго што може и на дело да ја потврди поддршката што ЕУ и ја дава на Република Македонија и генерално на земјите од регионот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФАЦ: ЕУ има сериозни пропусти во одбраната…

Европската унија треба да биде „подготвена за…

Фон дер Лајен: Време е за Европска…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…

Европската унија треба да го забрза процесот…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…

ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…

Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…