Објавено на:

Се јави Макрон: Договорот Србија-Косово е важен напредок и треба веднаш да се спроведе во целост

t

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека договорот меѓу Србија и Косово е „важен напредок“ и дека сега е од суштинско значење двете страни да покажат одговорност и „веднаш и со добра волја да почнат да ги спроведуваат сите обврски“ наведени во него.

На крајот од сесијата на лидерите на ЕУ, на која високиот европски претставник Жозеп Борел ги информираше за договорот меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите, Макрон го поздрави договорот и побара брзо спроведување.

Францускиот претседател истакна дека „добро е познато колку Франција и Германија работеа заедно за ова и дека ќе продолжат да го прават тоа и во иднина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

(Видео) Се урна американски воен хеликоптер во…

Двајца американски војници загинаа откако воен хеликоптер…

Гори на пет локации низ Македонија, изгаснати…

На ден 13.08.2026 година, до 07:30 часот,…

Нема напредок во преговорите за мировен договор…

Иран и САД остануваат во конфликт околу…

Во вторник ќе се врши дезинсекција против…

На подрачјето на град Скопје на 18…