Се јави „рачето“: ЕУ треба да ни помогне да го решиме историскиот спор со Бугарија

t

Почнавме да ги отвораме пристапните разговори, но ни треба помош бидејќи историјата стана дел од процесот. Нашиот напредок нема да биде само околу борбата против корупцијата и зајакнување на нашата демократија или подобрување на нашата економија, вели поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер за европски прашања Никола Димитров во интервју за чешкото издание на Еурактив.

– Напредокот исто така зависи и од тоа дали нашите историчари се согласат со бугарските. Присутна е идентитетската политика и ревизонистичката агенда, а националистичките прашања станаа европски. Порано ЕУ тврдеше дека историјата и идентитетот никогаш нема да бидат дел од преговарачката рамка за пристапниот процес. Сега ни треба помош да ја решиме ситуацијата и пристапувањето навистина да биде според Копехашките критериуми – порачува Димитров.

Според него, во јули некои од бугарските барања што се однесуваа на идентитетот и историјата беа прифатени и вметнати во пристапниот процес, но само за да се покаже успех на Балканот. А за да има навистина успех потребен е балансиран компромис.

– Ни треба залекување на раните од непризнавањето на македонскиот јазик. Во 21 век две соседни земји не треба да дискутираат дали нивниот јазик е јазик. Мислам дека другите земји членки треба да помогнат со изјави за правото на самоопределување и дека македонскиот ќе биде еден од официјалните јазици во ЕУ по нашето пристапување – додава Димитров и прашува зошто да нема некој со европско искуство кој би ја олеснил работата на историската комисија.

Билатерални историски комисии, како што вели, имало и меѓу Чешка и Германија, Германија и Полска и Франција и Германија. Според него, едноставно ни треба уште некој во преговарачката соба, но бугарската страна не го прифаќа тоа.

– Ако е направена грешка со претворањето на билатерално прашање во европско и форматот треба да се смени од билатерален во европски – изјави Димитров за Еурактив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…

Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…

Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…

Путин ја презема одговорноста за нападите на…

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…

Oбид за убиство во гостиварско Чегране

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…

Димовски: Србија го следи примерот на македонската…

Политичките случувања и протестните движења во Србија…