Се јави Фон дер Лајен: Вели Украина мора да победи во оваа војна
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во пресрет на самитот ЕУ-Украина изјави дека Украина има безрезервна поддршка од европскиот блок, пренесе Ројтерс
Таа изјави дека Украина мора да ги победи руските сили за да ги брани европските вредности.
„Ние стоиме на страната на Украина без никакви „ако и но““, рече Фон дер Лајен во обраќањето кон нејзината Христијанско-демократска партија ЦДУ во Дизелдорф, пренесе Ројтерс.
Украина „се бори за нашите заеднички вредности, се бори за почитување на меѓународното право и на принципите на демократијата, и затоа Украина мора да победи во оваа војна“, рече таа.
Фон дер Лајен и нејзините колеги еврокомесари планираат самит ЕУ – Украина на 3 февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Глутница кучиња нападнала маж во Ѓорче Петров,…
Жители на улицата „Македонска војска“ во скопската…
Прскање против комарци во пет општини во…
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…
Продолжува судењето за „Онкологија“, тројца лекари на…
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска…
ДУИ: Влен ја претвора „Бардовци“ во семеен…
Уште еден скандал излегува на површина под…
Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп…
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира…