Се јави Јотова: Македонија води непродуктивен и несериозен дијалог со Бугарија
„Начинот на кој се води дијалогот со нашата земја во последно време е, во најмала рака, непродуктивен и несериозен“. Вака изјавила бугарската потпретседателка Илијана Јотова, пред тамошните новинари одговарајќи на прашање поврзано со вчерашната изјава на македонската претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова.
-Не сакам да верувам дека нашите соседи го менуваат курсот по однос на вистинското членство во ЕУ. Препорачувам внимателно да се прочитаат документите на ЕУ и одлуките на Европскиот совет, кажала Јотова.
-Во резолуциите што ги усвои Европскиот парламент јасно се споменува каква е важноста на Договорот за добрососедство, како и на Договорот од Преспа, додала бугарската потпретседателка.
Според неа, тие се само еден елемент од преговарачкиот процес што ја чека Македонија.
-Внимателно препорачувам да се види процедурата – кои се неопходните услови за Втората меѓувладина конференција, потенцирала денеска Јотова.
Во вчерашната емисија „Само интервју“, Сиљаноска Давкова изјави дека Грција или ЕУ треба да ја советува Бугарија затоа што се тврди дека нема преговори за историја, култура, наследство и јазик, а ние, како што рече, токму тоа го правиме во историските комисии.
-Деновиве слушам дека двата договори мора да се почитуваат. Не го кршам Договорот од Преспа, тој вели дека мора да ги смениме документите по отворањето на преговарачките поглавја. ЕУ одлучува кога да ги отвори преговарачките поглавја. Дали некој го кажа тоа? Грција требаше да го каже тоа. Не само што не ги отворивме преговарачките поглавја (по потпишувањето на Договорот од Преспа), туку сега треба да го смениме Уставот за да започнеме преговори. Ниту еден член од Договорот (за пријателство и добрососедство) со Бугарија не вели дека треба да го смениме Уставот. Му кажав на Макрон дека неговата филозофска теза за ЕУ е исклучителна, но филозофијата не може без принципи и вредности. ЕУ има предвидено санкции доколку некоја земја-членка ги прекрши основните вредности и принципи. Без темелни вредности нема ЕУ, како филозофија на демократијата, кажа меѓу другото Сиљановска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…
Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно…
Министерката за образование, Весна Јаневска на својот…