Објавено на:

СЗО ги “искара” државите: Вирусот е активен, не е време за олабавување на мерките

t

Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања едногласно оцени дека не е време да се „олабави одбраната“ во однос на пандемијата на Ковид-19, изјави денеска претседателот на комитет Дидие Усин.

– Ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена, рече тој во Женева.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, истакна дека врз основа на таа проценка, тој го задржал највисокото ниво на тревога на СЗО на меѓународно ниво поради Ковид-19: „состојба на итна ситуација за јавното здравје“.

– Констатирано е дека ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена: циркулацијата на вирусот сè уште е многу активна, смртноста сè уште е висока и вирусот се развива на непредвидлив начин, рече Усен.

Сепак, се поголем број земји ги укинаа сите или дел од здравствените ограничувања воведени за борба против вирусот.

– Ова не е време за намалување на одбраната од вирусот, не треба да се откажеме од надзорот, тестовите и пријавувањето, не треба да ги ублажуваме социјалните и здравствените мерки и не треба да се откажеме од вакцинацијата, рече претседателот на Комитетот за вонредни состојби на СЗО.

Претседателот на СЗО Тедрос рече дека добрата вест е што во светот минатата недела е регистриран најмал број на смртни случаи од Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Сепак, тој нагласи дека некои земји сè уште минуваат низ врвовите на инфекцијата што врши притисок врз нивниот болнички систем.

Тој оцени и дека регистрирањето на трендовите е загрозено со намалувањето на бројот на извршени тестови.

Според најновиот неделен извештај на СЗО за епидемиолошката состојба, објавен вчера, бројот на заболени од Ковид продолжува да опаѓа трета последователна недела, за 24 отсто од 4 до 10 април во споредба со претходната недела. Бројот на починати, исто така, падна за 18 отсто во однос на претходната недела. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО предупредува: Овој вирус е страшен

Ширењето на птичјиот грип во Соединетите американски…

Засилени мерки за безбедност во трговските центри…

Министерството за внатрешни работи им порача на…

Инфлацијата се намали, мерките дадоа резултат, велат…

Мерките и политиките на СДСМ во насока…

СЗО и УНИЦЕФ: Неопходна е вакцинација за…

Светската здравствена организација и УНИЦЕФ соопштија дека…

Алармантен пораст на случаите на сипаници во…

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата…