СЗО и УНИЦЕФ: Неопходна е вакцинација за заштита на децата од голема кашлица

t

Светската здравствена организација и УНИЦЕФ соопштија дека е неопходна итна вакцинација за да се заштити животот на децата од голема кашлица.

Се додава дека големата кашлица е заразна болест која обично се манифестира како исцрпувачка кашлица и која може да влијае на секого, но е најтешка кај невакцинираните деца под една година.

Во просек, едно од дваесет невакцинирани бебиња кои ќе се заразат развиваат тешки компликации кои можат да доведат дури и до смрт. Адолесцентите и возрасните исто така може да се заразат, но нивните клинички манифестации може да бидат поблаги и затоа да останат недијагностицирани и нетретирани, што придонесува за циркулација на бактерии меѓу популацијата.

Тешката голема кашлица може да се спречи со безбедна и ефикасна вакцина која е достапна ширум светот од 1950-тите и е дел од националните рутински програми за имунизација од 1974 година.

Од клучно значење е сите бебиња да ја примат оваа примарна серија на комбинирана вакцина против голема кашлица, односно вкупно три дози од вакцината до 6-месечна возраст, со цел да се заштитат во периодот кога се најранливи.

Ревакцинацијата против голема кашлица во втората година од животот и пред поаѓање на училиште е важна за зајакнување на имунитетот и спречување на ширење на голема кашлица во заедницата. „Вакцините спасуваат животи. Не одложувајте. Секоја доза е важна“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО предупредува: Овој вирус е страшен

Ширењето на птичјиот грип во Соединетите американски…

Ќе се забрани прием на невакцинирани деца?…

Од Комисијата за заразни болести за в…

УНИЦЕФ: Многумина во Газа преживуваат со еден…

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) ја…

СЗО и УНИЦЕФ: Неопходна е вакцинација за…

Светската здравствена организација и УНИЦЕФ соопштија дека…

Се шири големата кашлица – годинава потврдени…

Се шири заразната голема кашлица. Според податопците…