Објавено на:

СЗО: Ковид-19 продолжува да се шири и да убива

t

Светската здравствена организација (СЗО) очекува „високо ниво“ на инфекција со Ковид-19 во Европа и повика на следење на вирусот откако бројот на заразени се зголеми за трипати за еден месец.

– Откако земјите низ Европа ги укинаа рестриктивните мерки што беа во сила, вирусот ќе циркулира на високо ниво ова лето, изјави денеска генералниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге.

Тој потенцираше дека вирусот нема да исчезне само затоа што државите престанаа да го следат.

– Продолжува да се шири, да се менува и да убива, нагласи Клуге.

Предводен од подваријантата омикрон БА.5, коронавирусот се шири во педесетина земји кои припаѓаат на европскиот дел на СЗО, а оваа недела тие се приближија до дневната бројка од 500.000 новозаразени.

На крајот на мај таа бројка беше 150.000, според податоците на СЗО.

Во текот на зимата дневно имаше меѓу четири и пет илјади смртни случаи, додека сега бројот на смртни случаи е на ниско ниво од околу 500 дневно, колку што имаше во летото 2020 година.

Речиси сите европски земји имаат пораст на бројот на заразени, а предначат Португалија, Луксембург, Франција, Грција, Кипар, Германија и Австрија.

– Се надеваме дека важните кампањи за вакцинација што ги имаат повеќето земји, како и бројот на оздравени, ќе значат дека ќе ги избегнеме најтешките последици што ги видовме порано во пандемијата, заклучи Клуге.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Жртвите на силување во Конго од страна…

Светската здравствена организација (СЗО) платила по 250…

Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…

Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…

855 заразени и пет починати од Ковид-19…

Во Р. Македонија во текот на месец…

СЗО го осуди нападот на болницата Ал…

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос…