СЗО: Коронавирусот продолжува да претставува извонредна меѓународна јавно здравствена криза

t

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека коронавирусот продолжува да претставува извонредна меѓународна јавно здравствена криза, што е највисоката форма на предупредување на агенцијата.

Пандемијата е веројатно на „преодна точка“, која сè уште бара внимателно управување за „да се ублажат потенцијалните негативни последици“, се вели во изјавата на СЗО.

Поминаа три години откако агенцијата на Обединетите нации го прогласи Ковид-19 за глобална здравствена закана. Повеќе од 6,8 милиони луѓе починаа од пандемијата во сите делови на светот, а болеста имаше негативно влијание врз светската економија и функционирањето на општествата.

Ситуацијата се менува во 2020 година со доаѓањето на вакцините и терапиите. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус изрази надеж дека вонредната состојба ќе биде укината оваа година, особено ако пристапот до мерките против инфекција се подобри на глобално ниво.

Советниците на експертскиот комитет на СЗО за статусот на пандемијата во декември минатата година рекоа дека веројатно не е време да се прогласи нејзиниот крај поради неизвесноста околу бранот на инфекции во Кина, која ги укина строгите мерки за нулта ковид на крајот на 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…

Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…

Ристовски: Ќе продолжиме да ги поддржуваме настаните…

Министерството за спорт и годинава е генерален…

Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…

На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…

Граѓаните да не се вознемируваат: Боево гаѓање…

Сектор за внатрешни работи Штип и Одделението…