СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè уште нема целосни информации за смртта на 28-годишната лабораториска работничка Дарја Шипилова во Сибир, за која постои сомнеж дека починала од чума.
Шипилова која работела во Истражувачкиот институт за борба против чумата во Иркутск, починала два дена откако добила симптоми слични на настинка. Лондонски „Гардијан“ пренесува некои извештаи според кои таа се заразила по несреќа на работното место.
Руските власти негираат поврзаност на смртта со Институтот и тврдат дека починала од „пневмонија со непозната етиологија“. Тие уверуваат дека нема опасност од епидемија на чума и оти санитарно-епидемиолошката состојба во регионот е стабилна.
Во лабораторијата и блиските болници сепак биле воведени карантински мерки, а вработените минале три дена во излоација додека траеле тестирањата.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека организацијата сè уште нема целосна слика за случајот и не може да направи целосна процена на ризикот.
„Навремената, целосна и транспарентна размена на информации е клучна за разјаснување на спротивставените извештаи и точна процена на потенцијалните ризици за јавноста“, рече тој, додавајќи дека СЗО побарала дополнителни информации од руските власти и проверува извештаи за уште еден вработен со пневмонија со неутврдено потекло.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Син ја нападнал мајка си во тетовско
24-годишно момче е приведено во Тетово откако неговата…
15.000 потписи за електронски алки за насилниците…
Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
Нафтата падна на најниско ниво од август…
Светските цени на нафтата продолжуваат да паѓаат,…
Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…
Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…