СЗО повикува да се прогласи глобална вонредна состојба
Група водечки меѓународни експерти собрани околу Светската здравствена организација (СЗО) апелираа до ООН да ја прогласи климатската криза за глобална вонредна состојба за јавно здравје, што е највисокото ниво на тревога што СЗО може да го издаде.
Паневропски панел од 11 члена процени дека климатските промени претставуваат „сериозна и непосредна закана“ за здравјето на луѓето ширум светот, наведувајќи го зголемениот број на смртни случаи од топлотни бранови, ширењето на заразни болести, загадувањето на воздухот, недостигот на храна и растечките проблеми со менталното здравје.
Експертите веруваат дека таквата декларација би поттикнала координиран меѓународен одговор сличен на оној што се спроведуваше за време на пандемијата Ковид и епидемијата на мајмунски сипаници. Во исто време, панелот остро ги критикуваше субвенциите за фосилни горива, наведувајќи дека тие придонесуваат за околу 600.000 предвремени смртни случаи во Европа секоја година и дека во некои земји ги надминуваат националните буџети за здравство, објави „Гардијан“.
Поранешната исландска премиерка Катрин Јакобсдотир и професорот Ендру Хејнс рекоа дека климатските промени мора да се третираат како здравствена криза за да се поттикне побрза владина акција. Препораките на комисијата беа поддржани од регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, и неколку научни институции.
СЗО веќе предупреди дека климатските промени ги загрозуваат основните предуслови за здрав живот, вклучувајќи чист воздух, безбедна вода и стабилно снабдување со храна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Случаите на рак на глобално ниво…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека…
СЗО: Повеќе од 1.300 починати од топлотниот…
Европа би можела да биде погодена од…
Горештините се закана по јавното здравје и…
Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО),…
СЗО се сомнева дека има повеќе од…
Светската здравствена организација (СЗО) во неделата објави…
„Загрижен сум за обемот и брзината на…
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) призна…