СЗО предупредува: Во иднина ќе имаме проблеми сo супербактерии
Намалувањето на загадувањето предизвикано од фармацевтскиот и земјоделскиот сектор е клучно во борбата со ширењето на супербактериите кои се отпорни на лекови и може до 2050 година да убиваат до 10 милиони луѓе годишно, предупредуваат Обединетите нации.
Се е поочигледно дека околината игра се поголема улога вонразвојот, преносот и ширењето на отпорноста на антимикроби, велат од ОН. Таа отпорност се развива кога микроорганизмите како бактериите, вирусите, паразитите и габите стануваат отпорни на антимикробнте терапии на кои биле осетливи претходно.
Светската здравствена организација смета дека отпорноста на антимикробни терапии е голема закана и стравуваат дека светот се движи кон иднина кога секојдневните инфекции повторно ќе почнат да убиваат луѓе.
ОН проценуваат дека 1,27 милиони смртни случаи во 2019 година биле директно поврзани со инфекции отпорни на лекови. Се очекува дека до 2050 година таа бројка може да порасне на дури 10 милиони нови смртни случаи годишно.
Таа отпорност делумно се должи и на претераната примена на антибиотици, но од ОН велат дека има и други фактори кои поретко се споменуваат. Така, напоменуваат дека отпорноста е тесно поврзана со трикратната криза на нашата планета: климатските промени, губењето на биодиверзитетот и природните живеалишта и загадувањето и отпадот.
Загадувањето, особено тоа што е поврзано со фармацевтската индустрија и со земјоделството овозможува антимикробите да влезат во околината, а особено во реките. Тоа е вистински проблем затоа што реките се честопати извор на вода за пиење, вели микробиологот Џонатан Кокс од британскиот универзитет Астон, кој не учествувал во извештајот на ОН. Тоа тоа го нарекува и тиха пандемија.
ОН предлагаат повеќе решенија кои ги таргетираат секторите кои го засилуваат тој проблем. Најпрвин, експертите на ОН бараат фармацевтската индустрија да осигура соодветно менаџирање со отпадните користени води и во таа мсисла, треба да се донесат построги правила.
Понатаму, болниците треба да вградат посебни системи за прочистување на користените води и да гарантираат трајно уништување на лековите, велат експертите. Во земјоделството, пак, се советува повторно да се проценат границите на антимикробите и да се намали отпадот за да се заштитат водите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во недела ги враќаме стрелките на часовникот
Граѓаните на Македонија претстојниот викенд ќе добијат…
Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на…
По успехот кој го имаше СДС на…
Сиљановска Давкова утрово остварила телефонски разговор со…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утрово остварила телефонски…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
ЕУ бара Канада и Велика Британија да…
Европската Унија се подготвува да ги убеди…