Објавено на:

СЗО прогласи крај на пандемијата на корона вирусот

t

Светската здравствена организација вчера прогласи крај на пандемијата на корона вирусот затоа што овој вирус повеќе не претставува глобална здравствена вонредна ситуација.

Оваа изјава е многу битен чекор кон конечно ставање крај на пандемијата и доаѓа три години откако прв пат беше прогласено највисоко ниво на тревога поради вирусот. Официјалните претставници од СЗО изјавија дека стапката на смртност на вирусот паднала од над 100.000 луѓе неделно во јануари 2021 година на нешто повеќе од 3.500 луѓе неделно на 24 април годинава.

Шефот на СЗО изјави дека најмалку 7 милиони луѓе во светот починале од оваа пандемија. Меѓутоа, д-р Тедрос Адханом Гебрејесус изјави дека вистинската бројка веројатно е поблиску до 20 милиони луѓе, што е речиси трипати повеќе од официјалните проценки и предупреди дека вирусот и понатаму останува битна закана по човештвото.

„Завчера Комитетот за итни случаи се состана по 15-ти пат и ми препорача да прогласам крај на вонредната ситуација во јавното здравство од меѓународни значење. Го прифатив нивниот совет. Затоа со голема надеж прогласувам дека КОВИД-19 повеќе не е глобална здравствена вонредна ситуација“ рече д-р Тедрос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…