СЗО смирува: Нема докази дека вирусот на мајмунски сипаници мутирал
Светската здравствена организација нема докази дека вирусот на мајмунски сипаници мутирал, изјави еден од извршните директори на агенцијата на ОН, истакнувајќи дека заразната болест која е ендемична во западна и централна Африка има тенденција да не се менува, пренесе Ројтерс.
Според агенцијата, Розамунд Луис, шеф на секретаријатот за мали сипаници, кој е дел од Програмата за итни случаи на СЗО, на брифингот изјави дека мутациите обично се пониски кај овој вирус, иако секвенционирањето на геномот на случаите ќе помогне да се информира за разбирање на моменталната епидемија
Повеќе од 100 сомнителни и потврдени случаи во неодамнешното избувнување на вирусот во Европа и Северна Америка не се тешки, рече Марија ван Керхове, раководител на Одделот за новите болести при СЗО, како и за анализирање на Ковид-19.
Епидемиите се атипични, според СЗО, бидејќи се случуваат во земји каде што вирусот не циркулира редовно. Научниците се обидуваат да го разберат потеклото на случаите и дали нешто во врска со вирусот се променило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Случаите на рак на глобално ниво…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека…
СЗО: Повеќе од 1.300 починати од топлотниот…
Европа би можела да биде погодена од…
Горештините се закана по јавното здравје и…
Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО),…
СЗО се сомнева дека има повеќе од…
Светската здравствена организација (СЗО) во неделата објави…
„Загрижен сум за обемот и брзината на…
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) призна…