Објавено на:

СЗО ја откажа испораката на помош за Газа бидејќи нема безбедносна гаранцијa

t

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека била принудена да ја откаже мисијата за испорака на медицински материјали во северниот дел на Појасот Газа, бидејќи нејзината безбедност за време на испораката не била загарантирана.

Во соопштението на платформата Х, СЗО наведе дека од 26 декември веќе четири пати морала да ја откаже планираната мисија.

„Поминаа 12 дена откако последен пат успеавме да стигнеме до северна Газа. Силно бомбардирање, ограничувања на движењето и прекината комуникација го оневозможуваат редовното и безбедното доставување медицински материјали низ Газа, особено на север“, соопшти Канцеларијата на СЗО во окупирани палестински територии.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата Х напиша дека е „шокиран од размерите на уништувањето во северна Газа, но и од обемот на здравствените потреби“.

Тој посочи дека натамошното одложување на испораките ќе доведе до поголема смрт и страдање за голем број луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО: За четири години никаде во светот…

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…

22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…

Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…

Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…

Уште една, нова пратка со 900 тони…