Објавено на:

СЗО ја укинува поделбата на ендемични и неендемични земји во случаите со мајмунски сипаници

t

Светската здравствена организација ја укина, во својата статистика за мајмунски сипаници, поделбата на ендемични и неендемични земји, со цел подобро да го „унифицира“ одговорот на вирусот.

Вирусот, кој обично циркулира во Централна и Западна Африка, сега е присутен на неколку континенти.

Ја укинуваме разликата помеѓу ендемични и неендемични земји и ги прикажуваме земјите заедно кога е можно за да го покажат единствениот одговор што е потребен, се вели во соопштението за печатот на СЗО.

Од почетокот на годината до 15 јуни, во Светската здравствена организација бил е пријавени вкупно 2.103 случаи, еден веројатен случај и еден смртен случај (во Нигерија) во 42 земји, се вели во соопштението.

На 23 јуни, СЗО ќе процени дали сегашната епидемија е итност за јавното здравје, што е највисоко ниво на тревога за СЗО.

Европскиот регион е во центарот на ширењето на вирусот со 1.773 потврдени случаи или 84 отсто од вкупниот број во светот. Следи американскиот континент со 245 случаи или 12 отсто од вкупниот број случаи, Африка со 64 случаи и три отсто и источниот Медитеран со 14 случаи и западниот Пацифик седум случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

СЗО: Случаите на рак на глобално ниво…

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека…