Објавено на:

Стигна инспекцискиот наод: Момчето-убиец не било малтретирано од соучениците

t

По извршениот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ било констатирано дека во ова училиште немало врснички насилство врз Коста К., кој изврши масовно убиство и рани пет лица, меѓу кои и наставничката по историја.

Мина Зиројевиќ, член на Советот на родители во ОУ „Владислав Рибникар“, вели дека не е изненадена од наодите од инспекцискиот надзор и дека тоа веќе било познато.

„Го знаев тоа и го кажав веднаш, на првиот ден. Наодот на инспекцијата дека момчето не било изложено на насилство не ме изненади, но благодарна сум што брзо се изготви. Во меѓувреме, децата од 3 мај кога се случи трагедијата беа под стигмата дека всушност сите тие се криминалци и главни виновници за тоа што се случи, а не беа. Сите ние што сме на училиште го знаеме тоа, знаеме што се случува таму и какви деца се тие“, рече таа.

Да потсетиме, на 3 мај во училиштето со пиштолот на неговиот татко влегол Коста К. Кобниот ден пукал во правец на училишниот чувар Драган Влаховиќ, а потоа убил девет негови другарки и другари. Тешко рани уште пет ученици и наставник по историја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…