Силен ветер искорна покриви и дрвја во Битола и во Штип

t

Силен ветер попладнево предизвика проблеми во Битола и во Штип.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, до 14 часот во Битола силината на ветерот достигна брзина од 60 км/ч. Како што споделуваат корисниците на социјалните мрежи, од силината на ветрот падна покрив од зграда во населбата Областа во Битола.

Од УХМР за Битола велат дека се очекува променлива облачност со врнежи од дожд попладне, кои повремено ќе бидат посилни. Во текот на денот ќе дува засилен југозападен ветер, кој во ноќта ќе се промени во северен, повремено засилен. Утре, уште претпладне, се очекуваат услови за слаб снег во Битола, а на повисоките места околу градот ќе се формира снежна покривка.

Во меѓувреме и во Штип по силниот ветер се забележани откорнати дрва, паднати гранки и оштетени автомобили. Директорот на ЈП „Исар“, Александар Арсовски, информираше дека досега имале околу 20 интервенции. Тимовите на ТППЕ Штип интервенирале на четири локации, вклучувајќи паднати дрва кај средното училиште „Коле Нехтенин“, Четвртиот километар и детската градинка „Вера Циривири Трена“.

Екипите на ЈП „Исар“ со реорганизација интервенираа на повеќе од 15 локации каде што имаше паднати дрва, изјави Арсовски.

Ветровитото време ќе продолжи и утре, а УХМР издаде портокалов предупредување за ветер.

Поради ова, од ЈП Паркови и зеленило апелираат до граѓаните да не ги паркираат возилата под високи или суви стебла, со цел да се избегнат несакани последици.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

21-годишна битолчанка била давена и задушувана со…

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна…

За влакно избегната трагедија во Битола: Излог…

Силен ветер предизвика сериозни штети во Битола.…

Менувале оцени за пари – Поведена постапка…

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против…

(Видео) Пронајдени и извадени над 1700 гранати…

Над 1.700 гранати се пронајдени и извадени…

Ристовски: Штип доби нова спортска сала во…

Штип денеска добива нов, современ спортски објект…