Силен ветер и дожд во следните неколку денови!
Во следните денови нè очекува промена на времето карактеристична за март, а јужен ветер ќе донесе облаци, дожд и грмежи, прогнозираат синоптичарите.
„Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни (над 15 л/м2) во форма на невреме проследени со грмежи и силен јужен ветер (над 60км/ч). Поинтензивни процеси ќе има утре во вечерните часови, во текот на ноќта и во четврток претпладне“, соопшти УХМР.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок. Во сабота локално, а во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (7 до 10 степени).
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и топло, со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер, особено во ноќта кон четврток. Нови врнежи од дожд ќе има во недела и понеделник, велат од УХМР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето утре сончево со мала облачност, во…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…