Силен ветер со над 70 км/ч – Метео предупредување за утре

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) пренесе известување од Управата за хирометеоролошки работи (УХМР) во кое за утре се најавува променливо облачно, ветровито и нестабилно време со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер со брзина од над 70 км/ч во форма на невреме.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 29 до 37 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Во делови од котлината нестабилно со можност за краткотрајно невреме и засилен до силен југозападен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 34 степени.

Во сабота се очекува повремен дожд во западните делови проследен со северен ветер. И во недела ќе дува северен ветер и ќе има опаѓање на температурите. Потоа следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура, прогнозираат синоптичарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР предупредува: Очекувајте дожд, грмотевици, ветер и…

Под влијание на циклонска активност времето утре…

(Видео) Невреме во Задар, автомобил падна во…

Силно невреме утрово го погоди хрватскиот град…

Невреме во западна Србија, издадено предупредување за…

Невреме со силен дожд, грмежи и локално…

Попладнево и утре ќе има невреме во…

Македонија во четврток ќе остане под влијание…

УХМР предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд,…

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност,…