Силен земјотрес регистриран на Крим
Во морето, кај брегот на Крим денеска е регистриран земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот се наоѓал на 59 киломтери од Севастопол, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Како што се наведува, земјотресот се случил во 5:42 часот по московско време во морето јужно од Севастопол, на длабочина од 10 километри.
Крим е трусно подрачје, а во последните 100 години таму се забележани голем број земјотреси со интензитет од 5 до 7 степени според Рихтеровата скала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Огромна експлозија на Крим, густ чад над…
Беспилотни летала на украинската служба за безбедност…
Зеленски: Не можеме воено да го вратиме…
Володимир Зеленски вели дека Украина не може…
Киев Индепендент: Признавањето дека Крим е руски…
Додека американскиот претседател Доналд Трамп го зголемува…
Блумберг: САД се подготвени да го признаат…
Соединетите Американски Држави се подготвени да ја…
Земјотрес во БИХ, почувствуван и во Хрватска…
Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…