Силен земјотрес ја погоди турската провинција Кахраманмараш
Земјотрес со интензитет од 4,6 степени е регистриран денеска во југоисточната турска провинција Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси на 6 февруари.
Според владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот е регистриран во 17 часот и 52 минути, епицентарот бил во градот Ѓоксун, а неговата длабочина била 7,55 километри.
Засега нема информации за причинета штета или за повредени лица.
Според официјалните податоци, бројот на жртвите во разорните земјотреси во земјата на 6 февруари е повеќе од 50 илјади, а повредените се околу 115 илјади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АПОКАЛИПТИЧНА МАПА ГО ОТКРИВА СВЕТОТ ПОД ЗАКАНА:…
Нова алармантна мапа ги прикажува регионите во…
Се огласи шпанскиот премиер по големата железничка…
Шпанскиот премиер Педро Санчез ги откажа денешните…
Ќе има решение за студентскиот оброк –…
Понуда да добиваат ваучери што ќе можат…
ПЕНТАГОН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГОЛЕМА ВОЈНА: САД…
Американската војска започна подготовки за можноста од…
Амбасадорката на Израел по нападот во Белград:…
Амбасадорката на Израел во Србија, Авивит Бар-Илан,…