Силен зeмјотрес со јачина од 7,1 степен го погоди индонезискиот остров Талауд
Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Талауд, потврди Државната агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (БМКГ).
Ројтерс пренесува извештај од германскиот центар за геолошки истражувања, во кој се вели дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 24 километри.
Земјотресот се случил на 134 километри североисточно од округот Мелонгуана на островот Талоуд, а засега нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светот потроши 2,9 трилиони долари за вооружување…
Вооружувањето и зголемената глобална несигурност ги зголемија…
Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Грција…
Денеска западниот дел на Грција беше погоден…
Силен земјотрес во Грција почувствуван и во…
Земјотрес со локална магнитуда од 5,5 степени…
Иранската гарда соопшти дека го „погодила“ американскиот…
Иранската револуционерна гарда соопшти дека го нападнала…
Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,…