Силна бура и дожд во Грција: улиците под вода, на сила црвено предупредување

t

Бурата „Адел“ ја зафати Атика, носејќи силни бури и повремен град. Одредени делови од регионот беа под вода, а властите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, објави Катимерини.

Според ажурираниот метеоролошки билтен, речиси цела Грција ќе биде погодена од дожд и бури во текот на денешниот ден, додека времето се очекува да се подобри дури од недела.

Најголеми врнежи се предвидуваат за западните и северните делови на земјата, како и за источниот Егеј, каде што бурите можат да бидат придружени со град и многу силни ветрови.

Цивилната заштита е во целосна готовност.

По состанокот на Комитетот за проценка на ризик, државниот апарат беше активиран во областите каде што се очекуваат најинтензивни катастрофи.

Министерството за климатски кризи и цивилна заштита објави дека мерките со највисоко ниво на подготвеност – црвено предупредување – се воведени за Северниот Егеј и Додеканезите.

Според метеоролозите, најкритичниот период ќе биде првите 12 часа од петок – од рано наутро до пладне – додека системите на бури ќе се движат кон Додеканезите во текот на денот.
А Атика може да очекува обилни врнежи од дожд, иако помалку интензивни од најзагрозените области.

Противпожарните служби и цивилната заштита се во целосна готовност за можни интервенции.

Обилни врнежи од дожд и бури се прогнозираат за денес во делови од Халкидики, Серес, Кукуш и Солун до попладне на Јонските Острови и во западен и јужен Пелопонез, како и на Додеканезите во текот на вечерта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силна бура и дожд во Грција: улиците…

Бурата „Адел“ ја зафати Атика, носејќи силни…

Грција нема да го предаде Аце „Циганот“…

Аце Боцевски, кој 28 години успеваше да…

Нема да биде екстрадиран од Грција уапсениот…

Македонскиот државјанин, баран со европска потерница за…

Земјоделците во Грција од 30 ноември ќе…

Блокади низ цела Грција почнувајќи од 30…

Поплави, свлечишта и прекини на струја и…

Обилните врнежи во западна Грција предизвикаа поплави,…