Објавено на:

Силна експлозија во хидроцентрала во Швајцарија – двајца тешко повредени, дел од објектот се урнал

t

Силна експлозија утрово ја потресе хидроцентралата „Ритом“ во Пиота, во швајцарскиот кантон Тичино, по што дел од објектот се урнал, а две лица се тешко повредени.

На местото на експлозијата веднаш биле испратени голем број припадници на итните служби, пожарникари, полиција и медицински екипи, а во спасувачката операција бил вклучен и хеликоптер на швајцарската спасувачка служба REGA.

Според последните информации од кантоналната полиција во Тичино, инцидентот се случил нешто по 9:30 часот во средата.

Полицијата случајот засега го опишува како „тешка несреќа при работа“, која се случила по настан што погодил дел од структурата на хидроцентралата.

Две лица се здобиле со тешки повреди.

Локалните медиуми претходно објавија дека по експлозијата дошло до делумно уривање на објектот и дека постои можност луѓе да биле зафатени од урнатините. На терен продолжува голема операција на итните служби, додека полицијата ја обезбедува и изолира погодената област.

Причината за експлозијата сè уште е мистерија

Во моментов нема официјално објаснување што ја предизвикало експлозијата. Eксплозијата се случува во време во кое ширум Европа се случуваат хибридни напади за кои политичарите ја обвинуваат Русија.

Кантоналната полиција соопшти дека причините и точната динамика на инцидентот се предмет на истрага.

Ова е особено важно бидејќи на социјалните мрежи веќе се појавуваат шпекулации за можноста експлозијата да е резултат на саботажа.

Засега нема никаква официјална потврда дека станува збор за намерен напад или саботажа.

Поради тоа, додека истрагата не обезбеди дополнителни докази, инцидентот не може да се поврзе со претходните случаи на оштетување или саботажа на енергетска инфраструктура во Европа.

Експлозија во важен енергетски објект

Хидроцентралата „Ритом“ се наоѓа во Пиота, во долината Левентина во јужниот швајцарски кантон Тичино.

Станува збор за историски енергетски комплекс чија стара централа била изградена уште во 1917 година.

Покрај постојниот објект се гради и нова централа, која според швајцарските медиуми треба да започне со работа во 2027 година.

Компанијата која управува со „Ритом“ е поврзана и со швајцарските федерални железници SBB, а електричната енергија произведена во комплексот историски има значење и за железничката инфраструктура во земјата.

Во првите часови по експлозијата не беше јасно дали инцидентот се случил во стариот оперативен дел од комплексот или во новиот објект кој сè уште се гради.

Голема спасувачка операција

Размерите на мобилизацијата покажуваат дека швајцарските власти инцидентот го третираат како сериозен.

На местото биле испратени припадници на кантоналната полиција, пожарникари од Биаска и Алта Левентина, спасувачи од Tre Valli Soccorso, како и хеликоптер на REGA.

Полицијата го блокирала пристапот до погодената зона додека спасувачките екипи работат на обезбедување на објектот и утврдување на последиците од експлозијата.

Reuters, повикувајќи се на швајцарски медиуми, исто така потврди дека во експлозијата има повредени и дека причината во овој момент останува непозната.

Истрагата треба да утврди што точно експлодирало, дали станува збор за технички дефект или несреќа при изведување работи и колкава е материјалната штета врз енергетскиот комплекс.

Швајцарските власти засега не објавија информации што би укажале дека зад експлозијата стои намерен напад.

Ситуацијата останува во развој, а се очекуваат дополнителни информации од кантоналната полиција и операторот на централата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силна експлозија во хидроцентрала во Швајцарија –…

Силна експлозија утрово ја потресе хидроцентралата „Ритом“…

Пожар денеска во фабрика за мебел во…

Свежа локална вест доаѓа од Кочани, каде…

Меси станува сопственик на второлигаш во Шпанија

Лионел Меси е пред нов голем чекор во…

Алармантни резултати за македонското образование: Македонија повторно…

ОЕЦД вчера ги објави официјалните резултати од…

„Алказар енерџи“ обезбеди 180 милиони евра за…

Со обезбедени 180 милиони евра „Алказар енерџи“…