Објавено на:

(Видео) Силна турбуленција на лет од Колумбија кон Њујорк: Осум лица завршија во болница

t

Осум лица биле пренесени во болница откако авион на „Авијанка“, кој летал од Меделин во Колумбија кон Њујорк, бил погоден од силна турбуленција и принудно пренасочен кон Мајами.

Авионот „Ербас А320“ полетал во четврток во 22:40 часот по локално време кон аеродромот ЏФК, но по околу три часа лет морал да го промени курсот и да слета на меѓународниот аеродром во Мајами.

Според податоците од „Флајтрадар24“, авионот претходно летал на височина од околу 35.000 стапки над Јамајка и Куба, а потоа за само неколку минути се спуштил за околу 25.000 стапки, односно приближно 7.500 метри.

Снимки направени од патници во кабината по инцидентот покажуваат вознемирени и повредени патници по силната турбуленција.

Противпожарната и спасувачката служба на Мајами-Дејд соопшти дека по слетувањето интервенирала поради повеќе повредени лица. Осуммина биле пренесени во болница, а најмалку едно лице било во сериозна состојба.

Авионот слетал во Мајами околу 3:30 часот наутро, наместо да го продолжи летот кон Њујорк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брнабиќ: Претседателските избори ќе ги распишеме до…

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…

(Видео) Масовни протести во Италија: Десетици илјади…

Инспирирани од бранот слични протести низ остатокот…

Карни: Канада ќе учествува во заемот на…

Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат…

Почитувани граѓани на Брвеница, драги пријатели, браќа…