Силни пораки на евроамбасадорот Гир за заштита на проверувачите на факти

t

На регионалната конференција во Скопје на Меѓународниот ден на проверка на фактите, покрај организациите кои работат на ова поле, учествуваа и претставници на меѓународната заедница, на институции и медиуми од земјава и регионот.

Во својот говор, амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир истакна дека проверувачите на факти треба да работат независно и без политички притисоци врз нив. Според него, како што се наближуваат изборите, на површина излегуваат нападите врз проверувачите на факти.

„За жал, ова не се случува само во Македонија, туку може да се очекува и во многу делови од Европа во наредните месеци, бидејќи ова е година на избори во повеќе земји…Затоа е наша одговорност и должност на државните институции да зборуваме јасно кога проверувачите на факти се загрозени. Ако не работиме на ова, тогаш се откажуваме од одбрана на демократијата“, рече Гир.

Покрај ризиците за време на изборите, на конференцијата се дискутираше и за други предизвици на земјите од регионот во справувањето со странските влијанија и дезинформации. Говорниците заклучија дека дезинформациите се проблем за безбедноста на државите, поттикнуваат омраза и насилство и ја подриваат довербата во институциите. Справувањето со дезинформациите треба да се интензивира, со зајакнување на проверката на фактите во медиумите, како и со медиумска едукација на граѓаните што ќе ја зголеми нивната отпорност кон дезинформациите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага…

Претседателот на Кримската меѓуетничка мисија Заур Смирнов…

Нови американски санкции: И Кина е на…

САД воведоа нов пакет санкции против компаниите…

Поради пудрата што предизвикува рак на јајници…

Американската фармацевтска компанија „Џонсон и Џонсон“ (J&J)…

Парма по три години се врати во…

Фудбалерите на Парма освоија бод на гостувањето…

Мојсоска: Не може заглавените во корупција да…

Нашата програма е позната, особено е битна…