Силно невреме во Кочани, градот без електрична енергија, блокирани неколку патни правци
Невреме проследено со силен ветер и дожд вечерва нешто по 20 часот го зафати Кочани и регионот. На повеќе локации во градот предизвикани се проблеми во сообраќајот и во нормалното движење на луѓето.
Градот е без електрична енергија. Сообраќајот на магистралниот пат Кочани–Штип е во прекин поради наноси и паднати дрвја на коловозот.
Блокирани се неколку патни правци околу Кочани. Стопиран е сообраќајот на излезот од градот кон Виница, поради срушени стебло од дрво и гранки непосредно после СОУ ” Гошо Викентиев”. Сообраќајот се пренасочува низ градот таму каде што е можно.
Исто така, булеварот „Тодосија Пунов“ во Кочани е непрооден поради големи количини вода.од дождот. На оваа сообраќајница има и возила кои се загалвени во водата.
Во прекин е и сообраќајот на магистралниот пат Кочани–Делчево, на потегот од крстосницата кај Горни Подлог до Градовска крстосница.
Екипи на ТППЕ и полицијата се на терен и ги преземаат неопходните активности.
Искршени стебла и гранки се забележуваат на повеќе локации во Кочани, што дополнително отежнува било какво движење.
Се препорачува граѓаните да останат во своите домови додека не дојде до смирување на состојбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американските медиуми: Трамп е многу – многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…
(Видео) Делови од Киев без струја и…
Делови од Киев останаа без електрична енергија…
Британски разузнавачи: Генералот Апостолски не е агресивен…
Генерал Михајло Апостолски не е агресивен комунист,…
(Видео) Казнети четворица возачи, блокирале булевар во…
Министерството за внатрешни работи информира дека во…
Иран се закани со напади врз интернет-кабли…
Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална…