Силно невреме во Париз, гром удри директно во Ајфеловата кула
Силно невреме го зафати Париз, при што гром директно ја погоди Ајфеловата кула, соопшти Француската опсерваторија за торнада и силни бури „Кераунос“.
Според опсерваторијата, во текот на вчерашната вечер и ноќта, меѓу 18:00 и 23:00 часот, низ Франција биле регистрирани дури 13.360 удари на гром, а еден од најсилните директно ја погодил Ајфеловата кула.
На врвот на познатата париска знаменитост бил измерен и удар на ветер со брзина од 104,8 километри на час, пренесува телевизијата BFM.
Најсилно погоден од невремето бил северозападниот дел на Франција, вклучително и регионот на Париз, каде што имало интензивни краткотрајни врнежи од дожд, а во одделни делови од земјата паѓал и град.
Наглиот пад на температурата во повеќе региони бил проследен со силни грмежи, многу силни налети на ветер, изразена електрична активност и град со средна до голема големина.
Според податоците на метеоролошките служби, во Франција во текот на саботата биле регистрирани 202 температурни рекорди, а на некои места температурите достигнале екстремни вредности, вклучувајќи 43,2 степени Целзиусови во Меза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко си го тепал малото дете, мајката…
На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…
Раперот Дон Џони, кој сними спот во…
Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…
Маж приведен на ГП „Блаце“
На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…
Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец
Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…
Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа
Македонија се најде меѓу европските пазари со…