Објавено на:

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ОПУСТОШИ СЛОВЕНИЈА: Закани од поплави, илјадници луѓе без струја, штетите се огромни

t

Во уште една серија невреме што синоќа и изутрината ја зафати Словенија, најпогодени се западниот дел на земјата и градот Цеље и околината на исток. Струја нема во некои делови на Западна Приморска и Источна Штаерска, пренесува СТА.

На подрачјето на Словенска Бистрица и Птуј изутрината без струја останаа околу 1.800 корисници, соопшти компанијата Електро Марибор.

Единицата за цивилна заштита Марибор пријави инциденти во текот на ноќта во седум општини, главно од релативно мал обем, како што се пожари предизвикани од запалени инсталации, оштетувања на покриви, одрони и паднати дрвја.

На подрачјето на Цеље исто така дојде до прекин на струја и други оштетувања на локалната инфраструктура.

Повеќе од 1.500 корисници рано утринава останаа без струја, соопшти Електро Целје, а затворени се и дел од патиштата. Тешко беше погоден и северниот дел на Приморска, силен град кој падна оштети покриви, прозорци и автомобили, особено во општините Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско.

Силните налети на ветер корнеа дрвја и урнаа покриви во областа Нова Горица на запад, соопшти локалната единица за цивилна заштита. Околу 6.000 корисници во тој регион изутрината останаа без струја, а меѓу бројните инциденти беше и евакуацијата на децата кои престојуваа во кампот Лепена кај Бовац.

Продолжување на невремето или обилни врнежи се предвидува во текот на денот, а Агенцијата за животна средина предупредува дека има шанси за поплави, особено на североистокот од земјава.

За цела држава денеска на сила е портокалово предупредување, а на југ постои можност за попладневно невреме со град. Во Словенија утре се очекува постепено стабилизирање на времето, јави СТА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикат на културата: „Плата нема“ – новото…

„И понатаму две институции од областа на…

Мицкоски: Не почнавме од нула, почнавме од…

Премиерот Христијан Мицкоски на трибина пред граѓаните…

Tрагедија на Халкидики: Младо момче од Македонија…

Деветнаесетгодишно момче од Македонија трагично го загуби…

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард…

Станува сѐ појасно дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа…

Поднесено обвинение за таткото што при семејно…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…