Силувач од Скопје осуден на 20 години затвор попладнево фатен во Лисиче

t

Полициски службеници од Оперативниот тим за потраги при СВР Скопје денеска во 16:20 часот на улицата „Лисец“ во Скопје, го лишиле од слобода С.М.(27) од Скопје.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој бил осуден на затвор од 20 години за сторени кривични дела по член 186 (силување) и член 236 (тешка кражба) од Кривичниот законик, а бил баран со централна потерница а доиздржување на шест години и два месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ден на жалост во Бугарија по тешката…

Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…

ЕУ одобри 10 милиони евра за Бугарија…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција на новите…

Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година…

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…