Силјановска Давкова на литургија во црквата на МПЦ-ОА во Љубљана
Претседателката Гордана Силјановска Давкова, заедно со амбасадорот на Македонија во Словенија, Горан Милевски присуствуваа на литургијата во црквата Свети Климент Охридски вои Љубљана, а остварија средба и со претставници на сите црковни општини во Словенија, како и со претставници на сите македонски културни друштва
-Присуствував на богослужбата во црквата „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, каде што изворно го слушнав гласот на македонските иселеници. Во пријателска атмосфера, разговаравме за нивниот живот далеку од дома, за поврзаноста со татковината и за улогата на македонската традиција, јазик и култура во зачувувањето на македонскиот дух. Членовите на Сојузот на македонските културни друштва и претставниците на црковните одбори ме запознаа со нивната работа и со напорите што ги вложуваат во негувањето и зачувувањето на македонскиот идентитет. Преку фестивали, литературни и ликовни настани, фолклорни ансамбли и бројни културни проекти, тие им ја пренесуваат македонштината на младите генерации, напиша Силјановска Давкова на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ирак негира банкрот: Преземени се само превентивни…
Централната банка на Ирак денеска негираше банкрот…
ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и…
Економскиот раст од 4,3 проценти во вториот…
Пожар зад зградата на МРТВ, се запали…
Денеска изби пожар зад зградата на МРТВ…
Комеморација во Белград за поранешниот командант на…
Денеска во Домот на Армијата во Белград…
Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при…
Кавадаречката полиција синоќа привела 34-годишен кавадарчанец кај…