Силјановска Давкова: СДСМ може да се нарече ЗДСМ, а апсолутен победник на изборите не се СДСМ, ниту ДУИ

t

Во име на науката ќе кажам дека апсолутен победник на изборите е оној што ќе има 50 отсто плус еден од гласовите и тој е првиот што ќе може да формира Влада, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова како реплика на говорниците од владејачкото мнозинство кои за легитимитетот на новата Влада рекоа дека произлегува од победа на последните парламентарни избори. Таа СДСМ ја нарече ЗДСМ, зашто Димитар Ковачевски е избран на чело на партијата по насока на Зоран Заев.

„Оваа Влада не може да наследи легитимитет од претходна Влада бидејќи премиерот не заминал заради болест или друга функција, туку заради оставка по загубени избори. Тоа значи дека гласачите не се сега гласачи на оваа коалиција и легитимитетот е нагризен. Од друга страна, по изборот на Димитар Ковачевски на чело на СДСМ по насоката на Зоран Заев, може да се каже дека тоа е сега ЗДСМ, односно ЗаевДСМ. Ако лакмус се избори, тогаш тој поцрвене на локалните избори, кои ги загуби СДСМ. Освен тоа, полни се зборовите за Македонија како нова членка на НАТО. Но, ако Шекеринска е персонификација на зачленувањето во НАТО, неа повеќе ја нема, дали е разрешена или што е причината, но тоа исто го нагризува легитимитетот”, рече Силјановска Давкова.

Таа ѝ реплицираше директно на пратеничката од ДУИ Рина Ајдари која говореше дека апсолутен победник на последните парламентарни избори е ДУИ и дека оваа влада, благодарение на министри од ДУИ, работи на правична застапеност на Албанците во јавниот, но и во приватниот сектор и дека на тој план има големи резултати.

„Во либералната економија нема мешање на државата во приватниот сектор, а принципот правична и принципиелна застапеност се однесува на државна и јавна администрација, во спротивно тонете во комунитаристички води и нелиберални води и сметам дека на новиот премиер, ако биде избран, ќе му биде забележано од ЕУ дека не постапува во согласност со Копенхашките критериуми“, рече Силјановска Давкова, нагласувајќи дека тоа го вели затоа што пред себе гледа неколку министри кои се од секторите од каде се говори за правична застапеност и во делот на приватната економија.

Пратеничката Ајдари како контрареплика нагласи дека ДУИ е апсолутен победник на изборите во рамките на албанскиот политички блок, како и на сите претходни изборни циклуси.

Халил Снопче од Алијанса за Албанците на Ајдари ѝ реплицираше дека ДУИ не се никакви апсолутни победници на изборите.

„Прашајте ги вашите нови партнери во Владата од Алтернатива, што мислат како сте ги добиле изборите“, рече Снопче и изнесе податоци, како на пример во рамки на Министерството за одбрана, каде спред него, Албанците воопшто не се правично застапени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Се грижиме за пензионерите, 30.000 денари…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар…

Лукаревска очекува дека ДУИ ќе го поддржи…

Заменик претседателката на СДСМ во интервју за…

Маричиќ: Овие избори се борба за патот…

Овие избори се борба за патот кон…

Огласи на албански јазик за новите згради…

„Никнуваат“ нови згради но и огласи на…

Напади на новинари и злоупотреби на медиуми…

СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа…