Сингапур и Цирих најскапи градови во светот

t

Годишното истражување за трошоците на животот на „Economist Intelligence Unit“ (EIU) ги спореди цените на повеќе од 200 стоки и услуги во 173 големи градови. Оваа година глобалните цени пораснаа во просек за 7,4 отсто, и покрај олеснувањата во синџирот на снабдување и зголемувањето на каматните стапки.

Градот-држава Сингапур и швајцарскиот Цирих се прогласени за најскапи градови во светот.

На третото и четвртото место се Њујорк и Женева, петти Хонг Конг, па Лос Анџелес. Париз се најде на седмото место, потоа Тел Авив и Копенхаген на осмото и деветтото, а Сан Франциско на десеттото место.

Подемот на Цирих, кој скокна од шестото место на минатогодишната листа, се припишува на силата на швајцарскиот франк заедно со високите цени на намирниците, покуќнината и трошоците за рекреација. Зголемување на цената на транспортните услуги и облеката е забележано и во Сингапур.

Иако Њујорк го делеше првото место со Сингапур минатата година, популарната американска дестинација, каде цените пораснаа за 1,9 отсто според студијата, падна на третото место, изедначено со Женева.

Израелскиот Тел Авив го дели осмото место со данскиот Копенхаген. Сепак, вреди да се напомене дека истражувањето е спроведено пред октомвриското избивање на конфликтот во Израел.

Истражувањето вели дека бавното закрепнување од пандемијата и „потисната побарувачка на потрошувачите“ се меѓу факторите што предизвикаа кинеските градови, како што е Пекинг, кој беше рангиран на 34-тото место минатата година, да паднат неколку места на листата.

Дамаск – Сирија, останува најевтиниот град во светот. Техеран, Иран и Триполи, Либија се исто така блиску до дното, рангирани на 172 и 171, соодветно.

Трошоците за комунални услуги, помош во домаќинството и тутун беа највисоки во американските градови, додека западноевропските градови беа меѓу најскапите кога станува збор за рекреација, транспорт и покуќнина.

Според истражувањето, намирниците и алкохолот биле најскапи во азиските градови.

Светските трошоци на живот за 2023 година беа испитани во 173 големи градови и беа споредени повеќе од 400 индивидуални цени за 200 производи и услуги. Каракас во Венецуела е исклучок, бидејќи цените во овој град се зголемени за 450 отсто од 2022 година.

Според годишниот светски индекс на трошоците на животот објавен од Economist Intelligence Unit, најбрзо растеле цените на храната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот…

Ахмети: Ќе ја запечатиме победата на 8…

Лидерот на ДУИ побара од граѓаните поддршка…

Во центарот на Куманово откриен мурал со…

Мурал посветен на Бобан Трајковски, еден од…

Таткото на Ѓоковиќ итно пренесен во болница…

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер…