Синдикална минимална кошница за септември изнесува 65.077 денари

t

Вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2025 година изнесува 65 077 денари и е намалена за 430 денари споредено со август годинава, кога беше 65.507 денари. Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, пак, изнесува 80 452 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23 394 денари или 35,9 отсто, за облека и обувки 5 725 денари или 8,8 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6 096 денари или 9,4 отсто. За лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2 636 денари или 4,0 отсто, за транспорт 4 716 денари или 7,2 отсто, за комуникации 3 417 денари или 5,3 отсто, за здравје 1 174 денари или 1,8 отсто.

На едно четиричлено семејство во септември за образование му биле неопходни 7 097 денари или 10,9 отсто, рекреација и култура 5 592 денари или 8,6 отсто, за ресторани и хотели 4 131 денари или 6,3 отсто и за останати стоки и услуги 1 100 денари или 1,7 отсто.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21 471 денар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Синдикалната кошница порасна на 69.432 денари –…

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…